-->
-->
РК Вардар ги започнува подготовките за новата сезона
-->
Македонскиот ракометен првак Вардар денеска ќе ги започне подготовките за новата сезона 2016/2017.
Според програмата, воведните неколку дена ракометарите ќе тренираат во Скопје, каде ќе ги извршат и потребните лекарски прегледи, а потоа екипата ќе замине на подготовки на Крањска Гора, Словенја.
Престојот во словенечкиот тренинг-центар е планиран од 1 до 12 август, период во кој веќе се закажани две пријателски средби со екипата на Горење и тоа на 6 и 10 август.
Ќе следува гостувањето во Белорусија, каде од 18 до 22 агурст црвено-црните ќе играат на силен турнир против домаќинот Мешков Брест, Висла Плоцк од Полска и француски тим Сесон Рен.
По овој турнир вардарци се враќаат во Скопје каде ќе ги продолжат подготовките за новата сезона, во која и овојпат примарна цел е висок пласман во Лигата на шампионите.
На првиот собир кој ќе биде во СЦ „Јане Сандански", од 10 часот, за ќе ги нема, Филип Лазаров, Дејан Манасков, Матјаж Брумен, Сергеј Харбок и Алем Тоскиќ, кои го напуштија тимот, како и хрватите Игор Карачиќ и Лука Циндриќ кои со својата репрезентација се подготвиваат за настап на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Вардар во претстојната сезона ќе биде засилен со ангажманот на шпанскиот репрезентативец Жоан Кањелас, хрватскиот ветеран Иван Чупиќ, како и левиот бек на црногорскиот национален тим Вуко Борозан, кој македонската ракометна публика ја имаше можноста да го запознае, како играч на Металург.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња