-->
-->
Јулија Степанова незадоволна од одлуката на МОК
-->

Руската атлетичарка Јулија Степанова изјави дека е незадоволна од одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да не и се дозволи самостоен настап на Олимписките Игри во Рио де Женеиро.
Стапенова која се натпреварува на 800 метри е главниот поткажувач при откривањето на аферата со допингот на руските атлетичари и за обвинувањето дека државни органи се вклучени во подршката за давање стимулативни средства на спортистите во Русија.
Таа сведочеше пред Светската антидопинг агенција и требаше да трча на Олимпијадата во својата дисциплина, без разлика на дисквалификацијата на атлетскиот тим на Русија и на (тогаш) можното исклучување на сите руски спортисти од Игрите, како независен натпреварувч, без државно знаме.
МОК меѓутоа, одлучи да и забрани настап на Степанова, затоа што таа еднаш веќе била суспендирана за земање недозволиви стимулативни средства.
Според британските медиуми, во специјална изјава до МОК, оваа 30 годишна атлетичарка го осудува решението на Меѓународниот олимписки комитет, нарекувајќи го „погрешно„.
Степанова смета дека нејзината елиминација од Олимписките Игри ќе придонесе да се обесхрабрат сите потенцијални поткажувачи во случаи на допинг меѓу спортистите.
Јулија Степанова и нејзниот сопруг Виталиј, поранешен функционер во руската анти-допинг агенција, имаа клучна улога во настаните околу откривањето на аферата со допингувањето под надзор на државата во Русија, што доведе и до казнување на сите руски атлетичари.
Степанова во 2013 година беше суспендирана зашто не успеа да го мине анти-допинг тестот, но таа сега објаснува дека „била заробеник на рускиот систем“ на примање недозволиви средства од кој не можела да побегне.
Британските медиуми и даваат силен публицитет на реакцијата на Степанова и остро ја критикуваат одлуката на МОК, што им дозволи настап на Олимпијадата на руските спортисти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Комбе со српски туристи на пат кон Грција излета од патот кај Велес, возачот наводно заспал
-

3.100 затруени во Гостивар
-

СОЗР ги објави локациите во Гостивар каде ќе се дистрибуира вода за населението, денеска испорака на 76.000 литри
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени кога ќе одобри Обвинителството
-

Шасивари: Продолжуваме со силното партнерство со САД за владеење на правото и борба против корупцијата
-

До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
-

Уапсена директорката на „Комуналец“ Гостивар, приведени и двајца директори
-

Клековски: Во ниеден момент немало криење информации од Министерството за здравство за случувањата во Гостивар
