-->
-->
Хан: Добри вести од Македонија, важен чекор кон завршување на политичката криза
-->
Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, предмалку на својот официјален профил на социјалната мрежа „Твитер“ задоволно го поздрави договорот меѓу четирите главни политички партии во Република Македонија со цел ставање крај на политичката криза што речиси две години трае во земјата.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Хан порача дека конечно пристигнале „добри вести од Македонија“, додавајќи дека овој договор што предвидува одржување на предвремени парламентарни избори на 11. декември е „важен чекор кон завршување на политичката криза“
- Добри вести од БЈР Македонија: политичките партии постигнаа договор за отворените прашања во разговорите за договорот од Пржино. Важен чекор кон ставање крај на политичката криза. Сега треба да се зачува моментумот: целосно спроведување на клучните реформи за одржлив напредок - порача Јоханес Хан на „Твитер“.
Како што е познато, еврокомесарот Хан посредуваше за постигнување на дводелниот Пржински договор од 2 јуни/15 јули минатата година, кој и покрај тоа што речисит целосно беше исполнет, на крајот пропадна, бидејќи клучниот дел од истиот, одржување на парламентарни избори на 24. април 2015 година, не беше исполнет поради одбивање на опозициската СДСМ да учествува на истите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јужна Европа се „пржи“ на екстремна жештина
-
Трамп му се закани на кандидатот за градоначалник на Њујорк
-
До крајот на неделава сончево и многу топло со температури до 40 степени
-
Гори глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид
-
19-годишна радовишанка со 2,23 промили алкохол во крвта направила сообраќајка, па побегнала
-
19 стебла канабис пронајдени во струмичко
-
Лавров: Одлуката на членките на НАТО за зголемување на издвојувањата за одбрана може да доведе до негово распаѓање
-
Малик Бизли уапсен под сомнение за местење на НБА натпревари