Македонија
13. August 2015 - 13:08

На дисперзираните студии во Кавадарци слободни 220 места

 

Двесте и дваесет места на студиските програми за лозарство, енологија, индустриска логистика, компјутерско инженерство и технологија и компјутерски науки се слободни за идните студенти на дисперзираните студии кои  Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип ги има во Кавадарци.  

Според објавениот конкурс за упис на нови бруцоши, најмногу слободни места (60) има за студиската програма индустриска логистика, од кои 40 се во редовни во државната квота, 10 за редовни со кофинансирање и 10 за вонредни студенти.

На земјоделскиот факултет слободни се 100 места, од кои 50 за студиската програмата енологија и 50 за лозарство. Во двете студиски програми 30 студенти ќе бидат примени во редовната државна квота, 10 со кофинансирање и 10 вонредни.
 
За студиската програма компјутерско инженерство и технологија слободни се 35 места, а за компјутерски науки  25 места.
Првиот уписен рок трае од 12-ти до 14 август, а право на запишување на прв циклус универзитетски и стручни студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование.