Ердоган ги повика САД да го екстрадираат Ѓулен

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика вчера САД да го екстрадираат исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого тој го смета за одговорен за неуспешниот обид за воен удар.
- САД, вие треба да го екстрадирате тој човек, изјави тој пред илјадници негови приврзаници во Истанбул.
- Се обраќам кон претседателот на САД. Велев дека вие треба или да го депортирате тој човек или да ни го предадете, но бев бев слушнат. Сега по овој обид за певрат, повторувам: Предадете и го на Турција, истакна Ердоган и додаде дека Ѓулен, кој живее во американската држава Пенсилванија е на листата терористи по кои трага Турција.
Ердоган нагласи дека доколку Турција и САД се стратешки партнери тие треба да ги почитуваат условите на тоа партнерство.
Во меѓувреме Ѓулен ги отфрли сите обвинувања за вмешаност во обидот за воен удар во Турција и истакна дека не знаел за заговорот.
Ѓулен пред новинарите во Пенсилванија изјави дека познава само мал незначителен број од многубројните симпатизери, кои ги има во Турција, така што не може да зборува за нивното потенцијално учество во обидот за пуч.
- Луѓето, кои го подотвиле тој преврат можат да имаат различни мотиви. Тие може да се симпатизери на опозициска партија. Може да се симпатизери на националистичка партија. Може да се се и сешто, рече Ѓулен, кој над 15 години живее во САД.
Ѓулен изјави дека не би се вратил во Турција, дури и доколку превратот бил успешен, бидејќи стравува од „гонење и тортура“.
- Ова е мирно и чисто место и јас уживам во слободата тука. Копнежот по татковината го гори моето срце, но слободата исто така ми е многу важна, изјави тој.
Ердоган го обвинува Ѓулен, кој му е поранешен сојузник, дека изградил паралелна структура во судскиот систем, армијата, образованието и медиумите, која има цел да ја собори Владата.
Во декември 2014 година судските власти во Истанбул издадоа наредба за апсење на Ѓулен во врска со сомневањата за создавање терористичка организација, која има цел поткопување на дејствувањето на раководството на земјата.
Ново на Сител
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
-

САД нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма
-

Одбележани 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје
-

Трамп бара истрага против демократите, ги обвини за „кривично дело“
-

Крвав напад во Краков: Најмалку шест загинати, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот
-

Осум српски полицајци уапсени за смртно претепување на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд во западните делови од земјата
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
