Се бори за живот: Најмладата жртва од Ница е шестмесечно бебе
Најмладиот меѓу повредените при нападот во Ница, кои се примени во детската болница во овој францукси град, има само шест месеци, соопшти денеска на прес-конференција, портпаролот на Фондацијата Ленвал, Стефани Симпсон.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, таа посочи дека поголемиот број од триесетте деца хоспитализирани во болницата во Ница имаат повреди на главата и скршеници.
- Ние сме навикнати да примаме многу деца, но овој пат беше тешко да се раководи со ситуацијата, посебно поради психолошкиот аспект, изјави Симпсон.
Таа дополни дека во болницата е формиран е психолошки оддел каде работат четворици психолози, кои веќе прифатиле повеќе од 50 семејства по нападот во четвртокот вечерта.
Симпсон, исто така, соопошти дека пет од хоспитализираните деца се се уште во критична состојба, едно е стабилизирано, а три се на вештачко душење.
Таа рече и дека едно хоспитализирано дете на возраст од 8 години, кое веројатно е од странство, се уште не е идентификувано.
Симпсон додаде дека од 84-та загинати при напдот, 16 се уште не се идентификувани.
Ново на Сител
-
Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот:
-
Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола