Орав: Останува отворено уште едно прашање

Четирите партии потписници на Договорот од Пржино на синоќешната рунда преговори постигнале договор за многу прашања прашања, со исклучок на едно, информира по средбата евроамбасадорот Аиво Орав, без да прецизира за кое отворено прашање станува збор.
- Завршена е навистина значителна работа за која беше потребно многу време. Многу прашања беа договорени, но се уште има едно прашање кое е отворено, и поради тоа, за жал, не бевме во состојбата постигнеме договор, односно партиите не беа во состојба да постигнат договор вечерва. Се надевам дека ќе продолжиме што е можно поскоро, изјави Орав.
Партиските претставници Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА по средбата не дадоа изјави за медиумите.
Ново на Сител
-

На седница на Собранието измени на Кривичниот, законите за полиција, за внатрешни работи,...
-

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во Прилеп и околината
-

Одбележување 18 години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
-

Вечерва почнува „Вевчански карневал 2026“ со концерти на популарна музика
-

Седница на Судски совет, на дневен ред пензионирање судии, поплаки и утврдување одговорност
-

Студено и променливо облачно време со силен северен ветер
-

Засилена дипломатска активност меѓу САД и Мексико поради најавите за воени удари врз картелите
-

Израел и Германија потпишаа безбедносен договор против Иран
