Француските разузнавачки служби го идентификувале нарачителот на терористичките напади во Париз
Француските разузнавачки служби го идентификувале нарачителот на терористичките напади од 13 ноември во Париз, без притоа да го откријат идентитетот на нарачителот.
Абделхамид Абауд, кој се сметаше за „наредбодавач“ очигледно бил само „координаторот" на нападите, јавува дописникот на МИА од Париз.
Весникот Паризиен откри дека шефот на француската разузнавачка служба ДГСЕ, Бернард Бажоле, ја информирал парламентарната комисија која ги истражува нападите од јануари и ноември 2015 година на 24 мај, за време на сослушувањето зад затворени врати, дека им е познат нарачителот на нападите во кои загинаа 130 лица и над 400 беа ранети.
- Ние го знаеме нарачителот, но ќе останам дискретен во врска со ова прашање, рекол Бернард Бажоле при сослушувањето, без да даде повеќе елементи за идентитетот на лицето.
Теренски дипломат - претходно стациониран во Ирак и Авганистан - потврдува дека неговите луѓе ја следеле листата на мрежата на Абделхамид Анаауд од јануари 2015 година, кога џихадистот се наоѓаше во Атина.
Човечки и технички средства, како и соработка со партнери се беше направено за да се открие џихадистот, но залудно. Всушност, овие мерки, како што видовме, за жал не успеаа да го спречат најлошото.
Запрашан за леснотијата со која терористите избегале од будност на неговите служби, шефот на ДГСЕ ја прифаќа одговорноста.
- Нападите како оние од 13 ноември го одбележаа неуспех на надворешното разузунување, признава Бернард Бажоле.
- Тие беа планирани надвор од нашите граници и организирани во Белгија, односно во надлежноста на делувањето на ДГСЕ. Тие, исто така, веројатно го претставуваат и неуспехот на внатрешнто разузнување до степен до кој тие се случија на нашата почва, рекол Бажоле пред парламентарната комисија на 24 мај.
Ново на Сител
-
Флорида: Поради ураганот Милтон, нивото на морето е повисоко за 150 до 300 сантиметри
-
Професорката по патологија која го враќа образовниот систем | Весна Јаневска | Sitel Podcast 062
-
Путин: Русија и Иран активно работат на меѓународната сцена, слично ги проценуваат настаните
-
Кривична пријава против маж од Косово поради давање поткуп
-
На Табановце уапсен маж од Полска, приложил фалсификуван документ
-
Уапсен 36 годишен скопјанец во паркот „Бранители“ во Драчево - Ги оштетувал иконите кај крстот
-
ФК Вардар го претстави новиот сопственик
-
Лавров ги осуди „деструктивните“ акции на САД во Југоисточна Азија