„Туркиш ерлајнс“ прогласена за најдобра авиокомпанија во Европа

Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ шеста година по ред е прогласена за најдобра авиокомпанија во Европа од компанијата „Скајтрекс“, објави „Хуриет дејли њуз“.
„Туркиш ерлајнс“ осма година по ред е прогласена за најдобра авиокомпанија во Јужна Европа, а наградена е и за „најдобар салон во бизнис класа“ и за „најдобра храна во бизнис класа“.
За најдобра авиокомпанија во светот прогласена е „Емирејтс“.
Класификацијата на „Скајтрекс“ се темели на изјавите од клиентите за услугите на авиокомпаниите од цел свет, при што се анкетирани повеќе од еден милион патници на 550 аеродроми.
Во првите пет месеци од годината со „Туркиш ерлајнс“ патувале 25 милиони луѓе што е пораст за 7,9 проценти во споредба со истиот период од 2015 година. Бројот на авиони на турскиот авиопревозник се искачил на 322 од 277 во истиот период, а бројот на дестинации се зголемил за 15.
Ново на Сител
-

Кавадарци: Со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради имот
-

Јапонија и САД потпишаа договор за ретки минерали
-

Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар
-

Истражување: Повеќето жени во Германија се чуствуваат небезбедни на јавни места
-

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција
-

Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14)
-

Прв лет Скопје - Мадрид
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
