Пејачката анонимна, ама овој хит мами и до 10.000 евра бакшиш
Пејачката Марина Далиповиќ вели дека со својот голем хит „Вад, вади паре“ дневно зема и до 10.000 евра бакшиш.
Таа истакнува дека нејзините колеги благодарение на изведувањето на оваа песна исто така заработуваат големи суми пари, пеејќи по свадби, крштевки, полнолетства и останати прослави.
-Гостите даваат се до последен динар на оваа песна, а да можам да бидам добра и до 10.000 евра за ден, посебно на ромските свадби. Кога ќе почнат првите тактови, настапува хаос. Луѓето полудуваат кога ќе ја слушнат. Провокативна е, ги мами да извадат пари и тоа редовно го прават. Даваат се што имаат. Добивав и прстени, брачни понуди, сешто. Дури ми велеле и: „Немам повеќе, се ти дадов, единствено кожава да ја извадам“, а јас им велам „Нема врска може и гратис“, опишува Марина.
Пејачката вели дека колегите постојано се фалат како добро заработуваат кога се пее нејзиниот хит. Таа открива дека некои и ја навредувале дека е спонзоруша поради оваа песна:
-Јас не сум спонзоруша. Луѓето не сфаќаат дека песната ја напишав од шега. Оние кои имаат пари ја сакаат, а оние кои немаат, тешко им паѓа и не ја сакаат, вели Далиповиќ.
Иако добро заработува, Марина вели дека сепак нема доволно пари да издаде албум за Гранд, и дека тоа го посакува.
-Пример ми се Ана Бекута и Снежана Ѓуришиќ, би сакала да ги имам нивните кариери и да траам како нив двете, вели пејачката.
Ново на Сител
-
Почнуваат зимските попусти во Грција
-
Најмалку 11 рудари загинаа во експлозија во рудник за јаглен во Пакистан
-
Снежен бран во Грција – затворени училишта во северниот дел на земјата
-
Маслеников: Русија нема намера да напаѓа земји членки на НАТО
-
На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36
-
Јужнокорејско разузнавање: Околу 300 севернокорејски војници загинале во борбите против Украина
-
Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово
-
НИС: Трамп ќе бара средба со Ким за да постигне „мал договор“