-->
-->
ЛШ:Локален „шериф“ го изрезили големиот Селтик
-->
Шкотскиот фудбалски великан Селтик, во вторникот, доживеа еден од најсензационалните порази во својата богата историја.
Селтик како гостин, во второто квалификациско коло загуби од преставикот на Гибралтар Линколн Ред Импс. Фудбалерите на полуаматерскиот клуб од Гибралтар победија со 1-0, а едниствениот гол го постигна локалниот полицаец Рајан Каскјаро во 48.минута.
На овој меч на клупата на Селтик дебитираше поранешниот менаџер на Ливерпул Брендан Роџер.
„Им честитам, ова е голема победа за нив, а ние мораме да ја прифатиме. Доколку не успееме да го минеме овој противник во двомечот ќе бидам загрижен. Мораме да ги исправиме грешките во реваншот“, рекол Роџерс.
На другите натпревари Зрињски и Легија Варшава одиграа 1-1, Динамо Тбилиси славеше 2-0 против Алашкерт (Ерменија), а со ист резултат Карабаг го порази Дуделанж, Хапоел Бен Шива го совлада молдавски Шериф со 3-2, БАТЕ Борисов со 2-0 славеше над СЈК (Финска), Црвена ѕвезда со пресврт во второто полувреме ја победи Валета со 2-1, Салцбург минимално со 1-0 го победи летонскиот првак Леипаја, а немаше голови на мечот Њу Сејнтс (Велс) и АПОЕЛ (Кипар).

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
-

Сончево со локална облачност и температура до 34 степени
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
