Венецуелската Влада ја презеде контролата врз затворена фабрика на компанија на САД

Венецуелската Влада ја презеде вчера контролата врз фабрика за козметички производи на американската компанија „Кимберли Кларк“, која престана да работи минатата недела поради влошената економска ситуација во земјата, изјави министерот за труд Освалдо Вера, јави ДПА.
Властите ќе ја рестартираат фабриката за производство на шамивчиња, тоалетна харстија и пелети во градот Маракај, во северниот дел на државата Арагута.
Во петокот „Кимберли Кларк“, чие седиште е во Далас, објави дека ја затвора фабриката, бидејќи недостигот на готовина и суровини го оневозможува нејзиното функцуонирање.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро одобри фабриката да биде преземена по барањето на 1.200 лица кои работат во неа. Владата ќе ги обезбеди неопходните суровини за фуникционирање на фабриката.
Венецуела е зафатена со историска економска криза, која предизвика сериозен недостиг на храна, лекови и други производи.
Во меѓувреме Мадуро изјави дека американската Ситибанк планира да ја затвори за 30 дена сметката на венецуелската централна банка за меѓународни трансакции.
- Венецуела е предмет на финансиска блокада, рече претседателот во изјавата за радиото и телевизијата.
Ново на Сител
-

Рубио: Иран моли за договор
-

Град Скопје: Нови 60 садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето
-

Утре пороен дожд, грмежи и ветер
-

Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка
-

Вардар поразен на домашен терен од Рига
-

Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле Буџетот за 8.070.791 денари
-

Средба Лавров - Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
-

Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица
