Прекинот на огнот во Сирија продолжен до вечерва
Прекинот на огнот на целата територија на Сирија што минатата недела го прогласија сириските власти е продолжен до вечерва до една минута пред полноќ по локално време, јави ТАСС.
Како што соопшти рускиот Центар за помирување на страните во конфликтот, примирјето изминативе денови било почитувано на поголемиот дел од територијата на Сирија, со исклучок на реоните во кои дејствуваат терористичките организации Исламска држава и Фронтот ал Нусра.
Според Цнетарот, со своите напади овие две групи го оневзоможуваат воспоставувањето на целосен прекин на огнот во Сирија.
Во последното деноноќие терористите нападнале најмалку три села, делови на градот Алепо, како и објект во близина на Палмира, се наведува во соопштението на Центарот, објавено на интернет страницата на руското Министерство за надворешни работи.
Во другите делови на Сирија примирјето во пронцип се почитува со исклучок на два помали инциденти во реонот на Дамаск и еден во Апепо.
Во реонот на Алепо група бунтовници се обиделе да преземант контрола врз еден пат со што би ја прекинале опсадата врз деловите од градот што ги контролираат, но не успеала во тоа. Според западни медиуми, во овие судири загинале околу 30 лица.
Ново на Сител
-
Нова дојава за поставена бомба во средно училиште во Загреб
-
Официјално пуштена во употреба компресорската станица за хируршките клиники
-
„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени
-
Девојка прегазена на пешачки премин во Штип
-
Опожарени два контејнера во Серава
-
ЕУ: Не сме добиле официјално известување за нови американски царини
-
Минатата недела санкционирани 155 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
-
Трофејот во Клуж-Напока го освои Потапова