Кавадарци со три проекти за прекугранична соработка со Грција

Кавадарци со три проекти за прекугранична соработка заедно со Грција има аплицирано за европски пари, информира Тодор Ефремов, раководител на Секторот за локален економски развој при општина Кавадарци.
Се работи за проекти од областа на екологијата. Во еден проект Кавадарци е водечки партнер.
- Главната цел на проектот е набавка на нова станица за мерење и мониторинг на квалитетот на воздухот во Кавадарци, а меѓу другото и набавка на опрема за одржување на настани на отворено, спортови во воздух. Се работи за активности за заштита на воздухот, но и за промоција на спортовите во воздух како на пример параглајдерство, појаснува Ефремов.
Партнери на Кавадарци во овој проект се општината Едеса и тамошниот аеро клуб, Образовниот технолошки институт „Александар“ од Солун, општина Прилеп и Аеро клубот од Битола.
Во другите два проекта кавадаречката општина е само партнер.
- Еден од проектите е „Одржливо живеење во пограничната област“ и има за цел намалување на загадување на воздухот од автомобилите. Ќе се гради тротоар во индустриската зона во градот која започнува од новиот кружен тек, крај бензинската на „Макпетрол" па води кон индустриските капацитети, каде има најголем број вработени, кажува Ефремов.
Целта е, како што нагласува, да се обезбеди алтернативен начин за движење на сите работници преку користење на пешачка зона за движење пеш и со велосипед.
Вториот дел од истиот проект подразбира промовирање на велосипедизмот во општина Кавадарци, како алтернативен превоз кој не загадува.
Третиот проект е „Иновација на иновативни интеграциски системи во менаџирањето на водата и заштитата на растенијата„.
- Со овој проект е предвидена набавка на метеоролошки станици лоцирани на мини локации. Тие ќе мерат температурни разлики и влажност на воздухот. Ќе даваат праметри за појавата на болести кај лозјата, со цел прекумерно да не се употребуваат пестициди и прекумерно да не се наводнува, додава Ефремов.
Ново на Сител
-

Трамп за Пахлави: Изгледа многу симпатичен, но не знам каква улога би играл во својата земја
-

Грантови од МОН за училишни активности за заштита на учениците од насилство и од разни видови пороци
-

УНИЦЕФ: Во Појасот Газа за три месеци загинаа повеќе од сто деца
-

Најстудено утрово во Берово, 25 сантиметри снежна покривка на Попова Шапка
-

Повторно отворен воздушниот простор на Иран
-

Почнува Европско првенство во ракомет 2026
-

Трамп: Украина го успорува евентуалниот мировен договор
-

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии
