Бугарија: Извозот на оружје зголемен за 60 отсто
Извозот на оружје од Бугарија за 2015 година пораснал за речиси 60 отсто, се вели во годишниот извештај на Меѓуминистерската комисија за контрола на извозот и распространувањето на оружјето за масовно уништување, усвоен на владина седница, објави бугарскиот весник „Дневник“
Точната сума за 2015 година изнесува 642,5 милиони евра. 3а споредба, во 2014-та таа изнесувала 403 милиони евра. Тоа е раст од 59 отсто на годишна основа.
Според аналитичарите, зголемувањето се должи пред се на тековните воени конфликти на Блискиот Исток, каде што е и насочен и најголем дел од оружјето.
Најголем дел од количината (во вредност од 160 милиони евра) е извезена во Ирак. На второ место, со 92 милиони, е Саудиска Арабија, којашто последниве години значително го зголеми увозот на оружје.
Бугарија извезува прилично големи количества оружје и во Индија – вредни 59 милиони евра, но и во Авганистан – 57 милиони. Извозот за САД е во износ од 31 милиони евра.
Во топ 10 листата држави, на кои Бугарија им продава оружје, спаѓаат и Уганда (31 милион евра), Украина и Нигерија (околу 17 милиони), Алжир (16 милиони) и Израел (14 милиони). Вреди да се спомене и извозот за Чиле во вкупна вредност од 10 милиони евра, каде што станува збор претежно за оклопни возила и одбранбени технички средства.
Со Русија не е реализирана никаква размена, иако постои договор за продажба во вкупна вредност од околу 17 милиони евра.
Ново на Сител
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот