Николовски: Неодговорно се управува со јавните финансии

Пратеничката група на СДСМ денеска, откако почна собраниската расправа за ребалансот на годинашниот Буџет, изрази нездоволство од, како што рече пратеникот Марјанчо Николов, недомаќинското и неодговорно управување со јавните финансии на Македонија.
- За нас е неприфатливо и неразбирливо со ребалансот да се зголемува дефицитот за нови 36 милиони евра и за 2016 година да изнесува неверојатни 344 милиони евра што е втор најголем дефицит на буџетот во изминатите 25 години, а во исто време да се кратат капиталните расходи за 45 милиони евра. Сакаме јавно да прашаме за што го зголемувате буџетскиот дефицит, изјави Николов во Собранието на Република Македонија.
Според него, ако се направи збир на нереализираните капитални расходи од 58 милиони евра за 2015 година утврдедни во завршната сметка, скратените 45 милиони евра со ребалансот на буџетот во 2016 година и укинатите 69 милиони евра за изградба на железницата од Коридорот 8 од ИПА фондовите, се добива сума од 172 милиона евра наменети исклучиво за капитални проекти кои Владата не успеала да ги реализира. Со ваквото трошење на народните пари, оцени Николов, економскиот раст на Македонија ќе бележи намалување, младите луѓе масовно ќе се иселуваат и земјата ќе назадува и стагнира.
- Ако не за капитални расходи, за развој, за отворање работни места дали овие нови дополнителни 36 милиони евра ви се потребни за мебел, сопствена комоција, дневници, барокни фасади, фонтани, панорамски тркала, предизборно купување на гласови? Кога не умеете да ги реализирате капиталните расходи зошто им наметнувате нови долгови и ја трошите иднината на идните генерации, праша Николов.
Ново на Сител
-

МВР официјално за трагедијата кај Богданци: На двојната смрт и претходела кавга меѓу малолетничката и нејзиното момче
-

Хакерски напад и врз системот за ладење на француската банка за крв
-

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои ќе се гонат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба
-

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија својата волја, очекувам поголем притисок врз Русија
-

Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки
-

Познат идентитетот на починатите во Богданци: Билјана (17) и Виктор (21) – обвинителството се сомнева на убиство и самоубиство
-

Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е неразделен дел од евроатлантската безбедност, потребна е поголема отпорност на хибридни закани
