Ресен на уникатен начин го одбележува празникот Иванден
Традиционално, четврта година во организција на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен симболично се одбележува Денот на раѓањето на Свети Јован Кристител - 7 јули, или во народот попознат како Иванден.
Овој празник има особено значење во преспанскиот регион почна да се празнува пред два дена, на 5 јули, кога девојчиња во групи ги посетуваа сите куќи во маалото и беа дарувани со брашно, масло, шеќер, грав и други продукти, кои на крајот се носат во една куќа. Следниот ден почна со берење камилица, со која беше направен куклата „Иванка“, а беше зготвен и ручек во куќата каде претходно беа однесени продуктите. Денеска, на крајот на празнувањето, куклата „Иванка“ ќе биде растурена во најблиската ливада.
- Манифестацијата не навраќа на нашите корени и традиции и кои треба да се зачуваат од заборав. Низ минатото, па и денес, ова празнување трае дури три дена, секој ден со свое значење и белег. Денес пред жири комисијата ќе бидат претставени годинашните изработени кукли „Иванки“, информира директорот на Домот на културата, Васко Василевски.
Манифестацијата е поддржана и од општина Ресен, а учесниците кои изработиле „Иванки“, според градоначалникот Ѓоко Стрезовски, ќе бидат симболично наградени.
- Како локална самоуправа, секогаш застануваме на страната на традицијата. Таа е од посебно значење за Ресен, но и за целата Преспа, особено што овде, кај нас, овој празник се одбележува на еден карактеристичен начин, можеби и единствен во земјава, изјави Стрезовски.
Манифестацијата ќе биде збогатена со музичка програма, а ќе заврши со служење посно гравче.
Ново на Сител
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарска политика на Филипче