Почнуваат Струшките книжевни средби
Околу 60 автори од земјава и странство ќе учествуваат на меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби“ што од денеска до 9 јули ќе се одржува во Струга, Охрид и Вевчани.
Годинашното, шесто издание ќе биде посветено на 155 годишнината од излегувањето на Зборникот на македонски народни песни на браќата Миладиновци. Организатори на манифестацијата се Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ – Струга.
Манифестацијата ќе почне со Меѓународно поетско матине на Вевчанските извори, каде поетски читања ќе имаат поети од Македонија, Албанија, Бугарија, БиХ, Полска, Романија, Словенија, Србија, Хрватска... Во спомен домот на Браќата Миладиновци ќе се одржи симпозиум на тема „Билингвалните (дводомни) писатели – Мост меѓу јазиците и народите“, а хрватската писателка Хрвојка Михановиќ-Салопек ќе има беседа во чест на 155 години од излегувањето на Зборникот на македонски народни песни (1861-2016).
Во црквата „Свети Никола“ ќе биде претставен портретот на добитникот на наградата Струшко Слово, а ќе бидат промовирани и наградените книги „Грлици“ од Васил Тоциновски и „Златна прашина“ од Зоран Пејковски на конкурсите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“.
На завршниот ден од манифестацијата, ќе бидат врачени наградите „Книжевна далга“ на лауреатот Олга Лалиќ-Кровицка од Полска, „Струшко слово“, на македонската поетеса Виолета Димова и романскиот автор Ѓорѓе Добре и „Книжевни бранови“ за најдобро прочитана песна на поет од Македонија и од странство.
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении