Блер му пишал на Буш пред нападот врз Ирак: Со тебе сум без разлика на се

Поранешниот британски премиер Тони Блер осум месеци пред почетокот на војната во Ирак во 2003 година му напишал во порака на тогашниот американски претседател Џорџ Буш Јуниор дека ќе го поддржи „без разлика на се“.
Некои западни медиуми пренесуваат дека Блер во таа порака сепак изразил значајни резерви во врска со можна воена операција.
Содржината на пораката од 28 јули 2002 година, која првично била запишана под ознака „Тајно-приватно“, откриена е денеска во наодите на британската истрага за војната во Ирак, која траеше седум години.
- Ќе бидам со тебе без разлика на се, гласи првата реченица од пораката која Блер му ја испратил на Буш.
Истрагата наведува во извештајот дека анонимен советник на Блер изјавил дека заедно со друг советник се обиделе да го убедат тогашниот британски премиер да ја исфрли оваа реченица од пораката, но Блер ги игнорирал нивните препораки.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Ги цениме германската поддршка и партнерство во развојот на нашата Армија
-

ЦУК: Активен пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково во општина Ново Село под контрола
-

Се претставил како службеник во државна институција и измамил лице за сума од 28.700 евра
-

75-годишна жена и нејзиниот малолетен внук физички нападнати од нејзината ќерка
-

Николоски: Имаме решение за патот за Теферич, Владата ќе го води проектот
-

Внимавајте на грчките плажи: 250 евра казна ако немате спасувачки елек на SUP даска
-

Николоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни работни визи
-

Новиот закон овозможува државни и приватни дата центри, вели Николоски
