Македонската кинематографија со шест наслови на 39. Филмски фестивал во Гренобл
Македонската кинематографија под наслов „Macedonian Shorts“ со три анимирани и три краткометражни играни филмови ќе се претстави на 39. издание на реномираниот меѓународен Фестивал на краткометражен филм на отворено во Гренобл, Франција од 5 до 10 јули 2016 година.
Програмскиот селектор Атанас Чупоски рече дека бидејќи се работи за прво посериозно претставување на македонската кинематографија на овој реномиран меѓународен фестивал и согласно времетрањето на програмата од час и половина на листата на селектирани филмови се шест наслови со потврден квалитет.
- Селектираните филмови се анимираните „Внатре“ на режисерот Иван Ивановски, „Алерик“ на Вук Митевски и „Кружно патување на Марето“ на Жарко Иванов, а од играните краткометражни филмови се „Бардо“ на Марија Апчевска, „Човекот со чудна навика да ме мава со чадор по глава“ на Вардан Тозија и „Шумарот“ на Изер Алиу, изјави Чупоски.
Посочи дека француската публика и меѓународната кинематографска јавност со понудената селекција, која претставува пресек на филмското творештво во доменот на краткометражниот филм во Македонија во последните 7-8 години ќе можат да се стекнат со солиден увид во состојбата и квалитетот на македонскиот филм денес.
Продуцентот на проектот Небојша Ивановиќ рече дека Македонија оваа година ќе биде во фокусот и ќе добие посебно место и простор на фестивалот.
- Македонија ќе се претстави со шест филмови и ќе има гостување на режисерите Вардан Тозија и Жарко Иванов. Во вториот дел од проектот, преку Кинотеката на Македонија, македонската кинематографија ќе има посебна презентација и во есенската програма во организација на Кинотеката на Гренобл, каде во ударни термини ќе бидат прикажани четири долгометражни македонски филмови, а ќе се направи и видео презентација на дел од дигитализираното фимско наследство на браќата Манаки, истакна Ивановиќ.
Режисерот Вардан Тозија изрази задоволство што ќе биде дел од селекцијата на македонски филмови кои ќе се претстават, како што рече, во колевката на кинематографијата на фестивал што е еден од најзначајните во Франција.
- Сметам дека трендот на претставување на македонски филмови треба да продолжи да се остварува и колку што е можно почесто да доаѓаме до контакт со интернационалната публика, изјави Тозија.
Проектот е реализиран во соработка со Министерството за култура и Агенцијата за филм.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј