Стопроцентни оштетувања на кајсии во Неготинско од пролетни ниски темнператури

Стопроцентни се оштетувањата кај кајсиите во Неготинско како последица на пролетните ниски температури. Ова го покажале проценките на терен од страна на општинската Комисија за проценка на штети.
Како што информираше денеска Митко Толовски, член на комисијата, оштетувања има и кај праските и сливите, но и кај лозовите насади.
-Бидејќи максималниот процент на оштетување кој може да го даде комисијата е 85 отсто, забележавме дека токму толку изнесуваат последиците од пролетните ниски температури кај кајсиите. Кај праските и сливите има оштетување од околу 50 до 85 проценти. Негативното влијание на ниските температури во пролет е најмало кај лозовите насади, таму штетите се проценуваат на 15 до 50 отсто, соопшти Толовски.
Тој додаде дека последиците од неповолните временски услови оваа пролет се најголеми кај земјоделските површини од двете страни на реката Вардар. Во околината на селата Пепелиште и Криволак, но и кај неготинско Војшанци.
-Записниците од проценките на штетите на терен се готови, следуваат пресметките и изготвување на елаборатите, кои подоцна ќе бидат доставени до Министерството за земјоделство, појасни Толовски.
Ново на Сител
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
-

Германскиот министер за одбрана Писториус изјави дека тензиите во односите меѓу земјите-членки на НАТО се намалиле
