-->
-->
Јотовски избори и четвртфинале во двојки на фјучрсот во Скопје
-->
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски заедно со Александар Лазов ја продолжија серијата победи на фјучрс турнирите во Скопје. Откако победија во четири меча на првиот фјучрс и на вториот остварија победа. Тие ги совладаа Британците Гејб и Пафли со 7:6 (8:6); 3:6 и на поени во решавачкиот сет 10:6. Во 1/4 финалето ривали им се Русите Гиголаев и Перфилов.
Другите наши тенисери во двојки загубија. Предраг Русевски и Лазар Магдинчев беа поразени од трети носители Фортуна - Јандриќ со 4:6; 7.5 и 10:7 на поени.
Настапот во двојки го заврши и Стефан мицов кој заедно со Хампел загубија со 6:4 и 6:2 од Хрватите Биљешко и Гојо.
Денеска победа во сингл постигна Димитар Грабул, кој се избори за второто коло, а поразен беше Горазд Србљак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лига на шампиони: Висок пораз на Еурофарм Пелистер од Висла Плоцк
-
Состојба на патишта
-
Променливо облачно со сончеви периоди
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија
-
Кривични против цариник и радовишанец