-->
-->
Во воздушен напад во Јемен убиени 25 лица
-->
Дваесет и пет лица се убиени во најновиот воздушен напад, изведен рано утринава во јужниот јеменски град Таиз од авиони на сунитската коалиција, предводена од Саудиска Арабија, врз шиитските бунтовници од племето Хути, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на претставници на јеменските безбедносни сили.
Во нападот загинале 15 бунтовници и 10 цивили, додека уште осуммина граѓани се ранети.
Во меѓувреме висок јеменски воен командант соопшти дека во синоќешната серија напади, изведени од групата Исламска држава во јужниот град Мукала, биле убиени 48, додека ранети се уште 30 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден од Минхенската безбедносна конференција
-
Најстудено утро на Попова Шапка и во Маврови Анови, во Гевгелија најтопло
-
Николоски ќе присуствува на дочекот на првиот чартер лет на „Freebird Airlines“ на аеродромот во Скопје
-
Македонска делегација предводена од премиерот Мицкоски учествува на Минхенската безбедносна конференција
-
Протестен марш „Кој е следен“
-
Британскиот премиер: Европа мора да преземе поголема улога во НАТО
-
Најмалку 18 загинати во стампедо на железничка станица во Њу Делхи
-
Австралија воведува двегодишна забрана за странци за купување недвижен имот