Македонија
26. јуни 2016 - 17:25

Шар Планина е најблиското место каде Тетовци, но и туристите може да побегнат од жешкото време

Совршено место за да се избега од летните горештини и жешкиот асфалт е планината. Десетина степени пониска дневна температура во споредба со градот е она што најчесто ги привлекува луѓето да заминат на планина. Шар Планина има десетина такви места, а најатрактивна е Попова Шапка.

- Прв пат сум на Попова Шапка, инаку сум од Србијаја, од Крагуевац. Фасицинирана сум од оваа убавина која ја видов, од боровинките кои во Србија досега не сум можела да ги видам, снегот на врвот на планината, преубав амбиент, гостопримлив народ.

За првпат сум тука. За мене лично подобро е да се одморам на планина, отколку на море. Повеќе сакам чист воздух отколку пливање. Попова Шапка е многу убао место.

Планинскиот и алтернативен туризам е можност и за општините кои гравитираат кон Шар Планина да спроведат повеќе инфраструктурни проекти.

- Станува збор за три патеки. Има околу 30 километри должина што ќе не водат до поголемите езера на нашата општина. Значи Боговињско езеро, Бело Езеро и Црно Езеро. Така да една патека ќе биде одкај Шапка. Ќе се поврзуваме со Шапка.

Попова Шапка е привлечна и за велосипедизам, планинарење и за летање со параглајдери.