-->
-->
Шојбле со таен план за Лондон, Велика Британија ќе стане „Асоцијативен партнер“
-->
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле има таен план за односите со Велика Британија по референдумот со кој оваа земја реши да ја напушти ЕУ.
Весникот „Ханделсблад“ денеска објавува делови од планот кој е напишан пред референдумот но се активира денеска по телефонскиот разговор што министерот Шојбле го имал со канцеларката Меркел, министерот за економија и вицеканцелар Габриел и неговите европски колеги.
Планот кој има наслов „Германска стратегија во врска со предложениот референдум за членството на Велика Британија во Европската Унија“ бил подготвен од експерти во министерството за финансии во последниве неколку денови, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Во него е предвидено како Германија ќе се однесува во новите преговори со Британија. Согласно планот официјален Берлин планира во соработка со ЕУ да „понуди целосно конструктивни преговори“ кои што сепак се очекува да бидат „тешки преговори за развод“.
Документот предвидува повлекување на Лондон од Европската Инвестициска банка, ги анализира правата и обврските на Велика Британија како членка на ЕУ во преодниот период и го доведува во прашање претседавањето на Велика Британија со Европската Унија кое што според распоредот треба да се случи во 2017 година. Пред да замине од ЕУ целосно Британија има период од 2 години транзиционен период што дава „време и основа за преговори“ се вели во документот кој предвидува Велика Британија по овој период да добие статус на „Асоцијативна партнерска земја“.
По излегувањето за Британија сепак нема да има автоматски пристап до единствениот европски пазар, наведува панот на германското министерство за финансии во кој се вели дека тоа не е можно затоа што доколку Лондон ги користи овие придобивки а не е член на ЕУ тогаш и други земји ќе сакаат да го сторат истото.
Со тоа Германија сака да испрати порака до другите земји кои што би сакале да добијат посебни повластици согласно новите правила на унијата за кои допрва ќе се преговара. Меѓу овие земји според Берлин се Франција, Австрија, Финска, Холандија и Унгарија. Дали бенефициите што ги имаше или допрва ќе ги бара Лондон ќе ги добијат и другите земји членки според анализата на германското министерство за финансии зависи од начинот на кој што ќе се водат преговорите со Велика Британија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Генералниот секретар на ОН го поздрави мировниот план на Трамп
-
УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани
-
Истрага против тројца турски државјани, му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат
-
РКЕ: Прекин на испораката на гас
-
Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО
-
Косовец крадел струја за својот продажен објект во Карпош
-
Обвинетиот за убиството на Чарли Кирк ќе бара прелиминарно сослушување
-
Мотоциклист удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил