Балкан
24. јуни 2016 - 10:12

Тринаесет лица починаа поради топлото време во Романија

Како полседица на високите температури на воздухот, во последниве денови во Романија почина 13 лица.

Службата за итна медицинска помош соопшти дека само вчера починале осум лица во округот Васлуј и двајца во округот Јаш. Поголемиот број од починатите биле земјоделски работници.

Метеоролозите предупредуваат дека в сабота и в недела топлотниот бран ќе зафати 11 окрузи во југозападниот дел на Романија. Се очекуваат температури до 35 степени Целзиусови, а индексот на влажноста ќе го помине критичниот праг од 80 единици.