Почна најновото издание на „Битола Шекспир фестивал“

Со музичко-сценскиот перформанс „Шекспир засекогаш“, синоќа во Битола почна 4. издание на меѓународниот „Битола Шекспир фестивал“ на кој годинава учествуваат 10 театарски ансамбли од Русија, Србија, Израел, САД, Полска, Турција и Македонија.
Фестивалот го отворија актери од Битолскиот и театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Санкт Петербург кои на посебно подготвена музика од групата „Фолтин“ изведоа перформанси, пееа песни и потсетуваа на сегменти од делата на вечниот Шекспир.
„Битола Шекспир фестивал“ вечер продолжува со изведба на претставата „Перикле“ која ќе ја одиграат актери на „Итака арт центар“ од Инџија и Народен театар-Шабац, Србија.
- Шекспировите драми ми се најомилени заради таа неверојатност на настани кои ги носат во себе. Перикле е меѓу најретко играните Шекспирови текстови, и ова ќе биде прво изведување на оваа Шекспирова драма во српската театарска продукција, истакна режисерот Никита Миливојевиќ пред вечерашното гостување во Битола.
„Битола Шекспир фестивал“ почна синоќа, а ќе заврши на 1 јули.
Ново на Сител
-

Нови ограничувања за казината: Забрана за реклами, да се оддалечат на пола километар од секое училиште
-

Познат идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп - Градско
-

Трамп: САД се обидоа да испорачаат оружје за иранскиот народ, но Курдите нè изневерија и го задржаа за себе
-

Од утре граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување на мотоцикл до 125cm³ во автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија
-

Повторно активен пожарот кај Штип, зафатени викендици, повредено едно лице
-

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентираше докази за агенцијата „Рубикон“, одбраната тврди дека тие ја докажуваат законитоста на фирмата
-

Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
-

Четиринаесет-месечно дете од Куманово затруено со средство за чистење
