-->
-->
Познати судиите за првите три дуели од 1/8-финалето на ЕП
-->
Двајца Англичани и еден Шпанец ќе бидат главни судии на првите три стедби од осминафиналето на Европското фудбалско првенство во Франција.
Иако трет во саботната соминафинална програма, сепак најголемо внимание ќе привлече дуелот меѓу Хрватска и Португалија. УЕФА реши арбитрите на овој меч да се од Шпанија, а главната улога ќе ја има Карлос Веласко Карбаљо, кому ќе му помагаат сонародници Роберто Фернандез и Хуан Хименез.
На првиот меч меѓу Швајцарија и Полска, правдата ќе ја дели Англичанецот, Марк Клатенбург заедно со помошниците Симон Бек и Џејк Колин. Токму Клатенбург остави најголем впечаток со својата непогрешива арбитража како на дуелите кои ги судеше на ЕУРО 2016, така и на годинашното финалето во Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, па добрите познавачи на фудбалот дека токму тој ќе арбитрира на мечот меѓу Хрватска и Португалија.
И натпреварот на дебитантите на европските првенства, Велс и Северна Ирска, кои го сочинуваат вториот осминафинален пар, ќе го суди Англичанец, Мартин Еткинсон, а негови помошници ќе бидат Михаел Муларки и Стивен Чајлд.
Овие осминафинални натпревари ќе се играат во сабота во термините од 15, 18 и 21 часот, редоследно, Швајцарија – Полска, Велс – Северна Ирска и Хрватска – Португалија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници