Метју Мекконахи: Знаев дека мојата сопруга е „вистинската“ уште по првата средба

Актерот Метју Мекконахи (46) е познат по неговите улоги во романтичните холивудски комедии, но се чини дека и неговиот вистински живот е исполнет со чиста романтика.
Таја, актерот во новиот број на списанието „Пипл“, отрки дека во неговата сегашна сопруга Камила Алвес за вљубил веднаш и уште по првата средба знаел дека „таа е вистинската“.
Двојката се запозна во 2006 година во еден ноќен клуб во Лос Анџелес, а Метју таа вечер бил излезен со познатиот велосипедист Ленс Армстронг.
- На првиот состанок излеговме три дена откако се запознавме и веднаш знаев дека таа е вистинската. Еден ден потоа сакав со неа на уште една средба. Веќе девет години сакам да сум само со неа и со никоја друга, отрки вљубениот актер, кој се сеќава и што се му минало низ главата кога ја видел убавата манекенка.
- Додека се обидував да го привлечам нејзиниото внимание, низ главата ми помина дека тоа е жената чие внимание сакам да го привлечам. Тогаш решив да станам од столицата и да одам до неа, се присети Метју,
Двојката на почетокот имала проблеми со јазичната бариера, имајќи пред вид дека дека Камила е Бразилка, но сепак преовладал јазикот на љубовта.
Метју и Камила се венчаа во 2012 година, а денес имаат три деца.
Ново на Сител
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
