Стојановиќ: Град за азиланти нов проект на ЕУ за Србија

Претседателот на собранискиот Одбор за одбрана и безбедност Момир Стојановиќ изјави дека во Србија наскоро би можел да се отвори центар за 400 илјади азиланти, но министерот за социјални прашања Александар Вулин нагласи дека изградбата на таков центар не е во план, ниту пак е возможна.
- Со оглед на тоа дека ЕУ нема решение за големиот проблем со имигрантите, една од можностите е да ја финансира изградбата на голем центар за имигранти. Се шпекулира дека ЕУ сака таков центар некаде на Балканот, а дека има големи шански тоа да биде токму Србија. Исто така се зборува дека локацијата за центарот би била некаде на југот на Србија и дека таков град за азиланти најверојатно би бил од монтажен тип, изјави Стојановиќ за „Блиц“.
Тој меѓутоа нагласи дека Србија не би требало да се согласи со ова.
- Се надевам дека нема да има притисок врз нас за да се согласиме со изградбата на таков центар, бидејќи само доколку една петина од тие луѓе би останале во Србија, тоа би бил голем економски и безбедносен проблем, наведе Стојановиќ.
Од друга страна, министерот за социјални прашања Вулин ги негира сознанијата на функционерот на СНС и вели дека изградбата на таков центар ниту е во план, ниту е можна.
Ново на Сител
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
-

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили
-

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата
-

Сообраќајна контрола во Скопје: Осум возачи затекнати под дејство на алкохол
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
