Во 66 општини определени парцели за проектот Купи куќа за млади
Катастарот и 36 општини урбанизираат парцели за проектот Купи куќа за млади. Геодетските тимови на агенцијата од денес на терен собираат податоци потребни за ажурирање на геодетските подлоги, потребни за изготвување на урбанистички планови. Општините потоа ќе можат овие парцели да ги понудат на продажба со почетна цена од евро за квадрат, а купувачите да изградат куќи со помош на субвенции.
- Ажурираните геодетски подлоги ќе бидат доставени до Агенцијата за просторно планирање која понатаму треба да ги изготви урбанистичките планови, општините да ги усвојат на советите за да можат да се понудат на продажба од евро за метар квадратен, информира директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески, кој присуствуваше на премери во општина Сопиште.
Катастарот планира да ги изготви локациите за вкупно 700 хектари до крајот август, по што општините ќе отпонат со уредување на инфраструктурата.
- Парцелите се со површина од 300 до 700 метри квадратни, по донесувањето на деталниот план со помош на Владата ќе почнеме со уредување на инфраструктурата, изградба на патиштата, водовд и канализација, за на крај да почнеме со јавна продажба со почетна цена од евро за метар квадратен, изјави Трпковски.
Преку „Купи куќа за млади“, младите до 35 години можат да добијат до 33.000 евра субвенции – неповратни средства од Владата за купување, изградба или надградба на куќа.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
