Патувачкото кино на „МакеДокс“ во Дебарца
Патувачкото кино на „МакеДокс“ од денеска до 22-ри август ќе посети десет села во областа Дебарца и ќе овозможи синеастичко доживување со документарни филмови од својата програма.
Годинава патувачкото кино ќе ги посети селото Волино (10 август), с. Белчишта (11 август), с. Издеглавје (12 август), с. Мешеишта (14 август), с. Слатино (15 август), с. Ботун (16 август), с. Злести (18 август), с. Оровник (19 август), с. Лешани (21 август) и село Велмеј (22 август).
Патувачкото кино е старо колку и Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ и веќе шеста година со своето патувачко магаренце ги посетува подзаборавените, а восхитувачки убави региони во Македонија.
Целта на Патувачкото кино, како што велат од Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“, е непосредно да влијае во процесот на децентрализација на културата во државата и да овозможи кинопроекции во мали и рурални места, кадешто жителите немале можност за синеастичко доживување повеќе од 40 години.
„МакеДокс“ го реализира Патувачкото кино со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на РМ, во соработка со Кинотеката на Македонија и сопствено вложување во проектот.
Ново на Сител
-
Без струја утре делови од општините Сарај и Бутел
-
Џиро д‘ Италија во 2025 ќе стартува од Албанија
-
Зеленски му наложил на украинското МНР да воспостави контакти со новата влада во Сирија
-
Пакетомати и на македонскиот поштенски пазар
-
Романија доби нова проевропска влада
-
Медиуми: Трамп се подготвува за повлекување на САД од СЗО
-
Забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци
-
Облачно и студено, локални врнежи од дожд, снег на планините и повисоките места