Ќе се интензивира соработката помеѓу ССК и регионот Алзас

Унапредување на економската соработка на регионално ниво и конкретна соработка во повеќе сектори како: текстилната индустрија, трговијата и производство на вино, ИТ секторот, енергетскиот сектор и други, беа во фокусот на денешните разговори помеѓу претседателката на Сојуз на стопански комори (ССК) Данела Арсовска и членовите на делегацијата од Алзас, Република Франција.
Како што соопшти ССК, регионалниот советник и заменик-претседателот на Агенцијата за промоција на регионот Алзас, Мари-Рен Фишер истакна дека може да се унапреди економската соработка во различни области.
Француската амбасадорка Лоренс Оер појасни дека пред две години во рамки на проектот „Патот на виното“ преку промоција на вина од Алзас во Македонија, како и македонски вина во регионот Алзас, била остварена конкретна соработка меѓу компании од двете држави.
По денешното запознавање во Сојуз на стопански комори, нареден чекор е воспоставување на контакти помеѓу Сојуз на стопански комори и Стопанската комора на Алзас.
Ново на Сител
-

Грчките земјоделци ги заоструваат протестите и блокадите
-

Стави се себе на прво место | Марија Маријановиќ | Sitel Podcast 131
-

Лазаров го објави списокот ракометари за Европското првенство
-

Маж од Градско излетал од коловозот со автомобил кај мостот на Црна Река и се здобил со тешки повреди
-

Приведен 45-годишник од Кичево, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-

Мицкоски: Апелација со правосилна пресуда утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене, без докази и без основа
-

Бензините поевтинуваат за два денари
-

Зеленски: Украински преговарачи заминуваат во САД на разговори за прекин на војната
