Мисајловски: Имаме инвестициски циклус во патната и железничката инфраструктура

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој во Ротердам присуствува на министерски состанок за транспортните европски коридори, денеска ги претстави инфраструктурните проекти што се реализираат во Македонија за развој на коридорите 8 и 10.
- Македонија влезе во инвестициски циклус во патната и железничката инфраструктура. Моментално, на Коридорот 10 активно се работи на автопатот Демир Капија–Смоквица и очекуваме автопатот да биде готов во првата половина на 2017 година. Во меѓувреме се работи и на изградба на автопатот Кичево–Охрид и очекуваме да заврши во 2018 година, истакна Мисајловски.
Во делот на железничката инфраструктура на Коридорот 8, министерот Мисајловски ги претстави проектите за изградба на пругата кон Бугарија, осврнувајќи се на акцискиот план за изградба до 2023 година.
- За нас многу значен проект е изградбата на новата пруга кон Албанија. Со изградбата на оваа пруга и таа кон Бугарија, Република Македонија ќе добие железничко поврзување кон исток и кон запад, важен сегмент за регионалното поврзување. Затоа е многу важно Европската комисија да ја препознае потребата за реализација на овој проект и да не поддржи преку негово финансирање, нагласи Мисајловски.
На состанокот се разговара за главната мрежа на европски транспортни коридори во рамки на ЕУ и нејзино продолжување во земјите од Западен Балкан. Целта е оваа основна мрежа да биде изградена до 2030 година со т.н „тен-стандарди”.
Покрај министрите за транспорт на Македонија, Црна Гора, Албанија, Косово, Србија, БиХ и Бугарија, на состанокот присуствуваше и комесарката за транспорт на Европската комисија, Виолета Булц.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
