Чешка повторно испрати полициски контингент во Македонија
Четириесет чешки полицајци во Македонија ќе бидат распоредени на зелената граница со Грција, заради миграциската криза, јави дописникот на МИА од Прага.
Како што информираше Петр Петрик, заменик на директорот на чешката полиција, ова е третпат да се испраќаат полицајци, а последниот контингент бил испратен пред еден и пол месец. Тие имаат задача заедно со македонските колеги да контролираат во околината на Гевгелија, близу грчката граница.
- Притисокот на нелегалниот премин на границата е намален, но тоа не значи дека се уште не постои кризата, изјави амбасадорот на Република Македонија во Чешка Паскал Стојчески.
Според Стојчески, потребно е границата внимателно да се надгледува. Тој додаде дека поради миграциската криза, Македонија покрај од Чешка е поддржана и од други земји како Словачка, Унгарија, Словенија, Хрватска и Србија.
- Помошта од Чешка, со испраќањето на полициски контингенти беше во екот на најкритичната фаза на бегалската криза и од наша страна сме задоволни од соработката со чешката полиција, истакна македонскиот амбасадор.
На грчката страна до неодамна постоеше најголем провизорен пограничен камп Идомени, каде во лоши хигиенски услови живееја илијадници луѓе. Грција кампот го тргна минатиот месец.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино