Средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со регионалниот директор на НДИ за Централна и Источна Европа

Актуелната политичка состојба во која се наоѓа Република Македонија и предизвиците со кои се соочува беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и Роберт Бенџамин, регионален директор на Националниот демократски институт (НДИ) за Централна и Источна Европа.
Од страна на регионалниот директор Бенџамин, информираат од ВМРО-ДПМНЕ, беше реафирмирана поддршката која што во континуитет ја дава НДИ на политичките партии и институциите во земјава, а пред се на Собранието.
Ставот на НДИ во однос на специфичните прашања со кои се соочува државата, како што истакна Бенџамин е дека најодржливи се автентичните решенија кои би произлегле од релевантните домашни фактори.
На средбата беше поздравена досегашната соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и НДИ со заклучок од двете страни дека постои можност за нејзино натамошно унапредување.
Регионалниот директор на НДИ презентираше и дел од проектите на кои што ќе работи институтот во иднина изразувајќи надеж дека како и досега тие ќе бидат од полза на политичките субјекти во земјава.
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
