-->
-->
Почнаа геолошките истражувања за јаглен во Пехчевско
-->
Почнаа деталните геолошките истражувања за јаглен на микролокации кај пехчевско Панчарево. Според градоначалникот Игор Поповски, истражувањата треба да завршат до септември.
- Првичните испитувања ги потврдуваат очекувањата. Се надеваме на позитивен резултат. Подоцна ќе се прават соодветни елаборати и физибилити студија по што сигурно ќе се знае дали овде ќе се отвори рудник за јаглен, рече Поповски.
Тој додаде дека во овој дел од Малешевијата, каде што се наоѓалиштата на јаглен, не се очекува негативно влијание на животната средина, но доколку се отвори рудникот тоа ќе донесе и економски прогрес на општината, нови вработувања, како и средства од конецесиите.
Деталните геолошки истражувања претходно се изведуваа на локалитетите Стамер и Ѕвегор кај Делчево. Истражувањата на јаглените ги врши АД ЕЛЕМ, а изведувачот на работите е Градежниот институт Македонија (ГИМ).
За инвестициските активности во оваа фаза, АД ЕЛЕМ од сопствени средства ќе издвои околу половина милион евра.
Првичните геолошки истражувања на овој регион се правени пред 30-ина години, а покажале дека има педесет милиони тони квалитетен јаглен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки