Балкан
15. јуни 2016 - 8:42

Јевтиќ против Мустафа,бара изградба на „Долината на сонцето“

Косовскиот министерот за враќање и заедниците, Далибор Јевтиќ,е против шефот на Владата,Иса Мустафа,кога е во прашање изградбата на населбата „Долина на сонцето“.

- Изградбата на населбата „Долина на сонцето“ во севрниот дел на Косовска Митровица,е од посебно значење за враќање на Србите,-изјавил Јевтиќ.

Премиерот Мустафа,изјави дека нема да се дозволи изградба на оваа населба. Исто така, против нејзина изградба е и министерот за животна средина,Ферит Агани.

Јевтиќ побарал резултатите на техничките разговори околу прашањето за повратниците да се анализира и да определи датум за постигнување на овие договори,инаку, како што рекол,ќе се чека уште 16 години за нивно спроведување.

Јевтиќ побарал од владите на Црна Гора,Србија,Македонија и Косово, да соработуваат во решаваање на проблемот со раселените.

Претходно,директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија во Владата на Република Србија,Марко Ѓуриќ изјави дека во Србија моментно живеат околу 200 илјади Срби од Косово.

Според него и по седуманесет години се уште има проблеми околу враќањето на раселените Срби од Косово,поради што, смета тој,потребно е ангажирање на сите страни вклучени во овој процес.