Тачи: Не очекувам во брзо време да се состане лидерската четворка
Првиот човек на ДПА, Мендух Тачи не верува дека ќе има лидерска средба бидејќи веќе 4 месеци не немало договор за истата работа. Долго време ќе трае излезот од оваа политичка криза, смета партискиот лидер на ДПА. Тој вели дека едно од решенијата е формирање на широка коалициона влада, во која министерските места кои би припаднале на албанските партии, да бидат поделени подеднакво на ДУИ и ДП.
Според него, само редовниот термин за парламентарни избори во 2018 е возможен бидејќи едноставно нема доволно време за да се спроведат сите потребни промени и реформи во системот.
Тачи смета дека политичката криза е многу поголема од она што се претставува.
- Политичката криза е виртуелна. Во Македонија имамаме меѓуетничка криза. Решението за оваа криза го гледам во договорот меѓу Македонците и Албанците кој е дел од платформата на ДПА. Некои не прашуваат, зошто толку време не можете да ја спроведете таа платформа. Одговараме дека ДПА сака оваа платформа да ја имплементира по демократски пат, во рамки на институциите, рече Тачи
Според лидерот на ДПА најголемата политичка катастрофа е враќањето на старата влада, чекор кој би можел да ја предомисли неговата партија дури и да ги напушти сите можни преговорите за излез од политичката криза.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
