Одбележан празникот „Света Петка“ во новоизградениот храм во Кавадарци

Верниците и свештенството на Повардарската епархија на Македонската православна црква денеска го чествуваат празникот „Света преподобна маченичка Параскева – Петка" чие име го носи новоизградениот храм лоциран во центарот на Кавадарци.
На чинот на водосветување и литургијата што ја водеше митрополитот Повардарски Агатангел присуствуваат бројни граѓани од Кавадарци и Тиквешијата, меѓу кои и на претставници на ФЕНИ Индустри, Општина Кавадарци и други.
- Новоизградениот храм има големо религиозно и културно значење и на верниците ќе им биде место за одржување на религиозните обреди и зачувување на религиозните традиции, соопшти Фени индустри.
Заменик генералниот директор на ФЕНИ Индустри, Герасим Кујунџиев, кој е најголем донатор на црквата „Св. Параскева-Петка“, истакна дека ова е една од најубавите цркви изградени во поново време во Македонија.
- Црквата е градена во традиционален византиски стил, од рачно клесан камен, архитектурата, фрескоживописот и иконостасот се дело на најдобрите современи црковни уметници, во целост запазувајќи ја средовековната македонска црковна традиција која е најубавиот архитектонски и уметнички период. И во секое најмало делче во црквата е вложено многу љубов, внимание, време, средства и знаење, рече Кујунџиев.
Црквата, како што посочи, се уште не е во целост завршена и во контекст на тоа додаде дека „за црква се вели дека никогаш и не се завршува“.
- Во нашата црква има уште многу работа. Ја користам можноста да ги повикам сите верници со свои донации да се вклучат во фазата на изработка на фрескоживописот и на тој начин да остават свое наследство за сите идни генерации верници, истакнаКујунџиев и најави дека осветувањето на црквата ќе биде на 18-ти октомври 2015 година.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
