Македонија
12. јуни 2016 - 17:06
Зурли и тапани во Кратово, се одбележа денот на културата
Над 200 учесници, млади играорци на возраст од пет до 18 години, викендов продефилираа по улиците на Кратово, како дел од манифестацијата „Ден на културата“. Голем број кратовци уживаа во звуците на зурлите и тапанот, а за добрата забава се погрижија членовите на осум културно-уметнички друштва од земјава, меѓу нив и домаќинот КУД „Ефрем Каранов“. Годинава манифестацијата имаше меѓународен карактер, со учество на културно-уметнички друштва од Црна Гора.
Сите учесници на настанот имаа можност да присуствуваат на приготвување и дегустирање на тиганици на саџак, специјалитет кој важи за старо кулинарско наследство на градот Кратово.
Денот на културата во Кратово се одржа по дванаесетти пат.
-
Оливер Арсовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->