Помор на пет тони пастрмка во реката Треска
Помор на автофтона македонска пастрмка „Salmo Macedonicus“ се случил во реките Зајашка и Треска во должина од околу осум километри како последица на обилните дождови на 5 и 6 август.
Како што информираат од Здружението на спортските риболовци „Треска“ од Кичево според нивна проценка угинати се околу пет тони риба.
- Утврдено е дека рибата е задушена од недостаток на кислород поради присуство на суспендирани материи и амониеви раствори, што е и утврдено и во анализите на поморите во предходните години кои се случуваат секоја година во текот на летниот период, се наведува во соопштението на Здружението.
Земените примероци биле дадени на анализа во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за утврдување на причинителот на поморот.
Најмногу бил настрадан подмладокот од мрестот од изминатите неколку години, но имало пастрамки со големина од 200 до 400 грама како и примероци од два до три килограми.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино
-
ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица на опасно стрмно место меѓу село Кожле и Велес
-
Несудената актерка која го создаде Мој ДДВ | Сања Лукаревска | Неформално | Sitel Podcast 039
-
РКЕ најaвува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип