Македонија
10. јуни 2016 - 20:30

Еден полицаец е во критички состојба откако вчера него и тројца колеги ги нападна група тетовци

Тетовската полиција половина час по полноќ приведе 36 годишник од градот како осомничен дека учествувал во групата што вчера доцна попладне нападна и повреди 4-ца полицајци. Приведениот со иницијали Е.Ј е осомничен дека учествувал во спречување на службено лице во вршење на службено дејство и е задржан во полициската станица.

Состојбата на најтешко повредениот полицаец иако е опериран се уште е загрозувачка по неговиот живот. Другите повредени негови колеги се пуштени на домашно лекување.  

Нападот врз полицајците се случи вчера околу 18 часот при нивниот обид да уапсат четириесет годишно лице од Тетово што било осудено на издржување на затворска казна од една година за нанесување тешка телесна повреда.

-Тој најпрво им се спротивставил на приведувањето, односно им дал отпор, а потоа со неговиот 69-годишен татко  А.И. и уште две други лица физички ги нападнале.   Во нападот, таткото  А.И. користел метален предмет ( шипка ) со која на еден од полициските службеници му нанесол тешки телесни повреди по главата и телото, а со тешки повреди завршил и уште еден од четворицата полициски службеници, додека другите двајца биле полесно повредени.

Полицијата ќе продолжи да ги бара и другите напаѓачи.