-->
-->
Комисијата за надворешни работи на Бундестагот расправаше за Македонија
-->
По кратка дискусија завршила расправата за Македонија во Комисијата за надворешни работи на германскиот Парламент која денеска ја одржа редовната 70 сесија.
На седницата на која како трета точка од вкупно 11 беше Македонија пред членовите на комисијата од страна на претставници на германското министерство за надворешни работи бил презентиран извештај за состојбата во земјата.
Согласно протоколот на комисијата состанокот не е отворен за јавноста, а членовите на комисијата не смеат јавно да ја коментираат дебатата.
Неофицијалнo, извори во комисијата за МИА, велат дека дебатата за Македонија била контруктивна. Од земјата се бара побрзо решавање на кризата, спроведување на бараните реформи и почитување на договорот од Пржино. Во дебатата биле споменати и прочистување на изборниот список и подобрување на состојбите во медиумите како две приоритетни цели на реформите.
Од сите политичи партии се бара да бидат конструктивни и заедно да работат на содавање на услови за надминување на кризата која што земјата ја оддалечува од членството во ЕУ и НАТО. Покрај владеачката коалиција, според дел од членовите на комисијата, одговорност за состојбите во земјата има и опозицијата, која што треба да се залага за побрзо одржување на избори.
Во комисијата нема расположение за дебата на тема санкции за Македонија, тема која што често се експлоатира во дел од медиумите. Единствениот начин да се надмине кризата е интензивен заеднички ангажман на македонските политички фактори и нивните пријатели во ЕУ, сметаат членови на комисијата, според кои, дел од причните за состојбата во земјата се должат на долгогодишната грчка блокада за приемот во НАТО и ЕУ поради спорот за името.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје