Процедурата за разрешување на Дилма Русеф ќе трае до средината на времетраењето на Олимписките Игри

Процесот за отповикување од должност на бразилската претседателка Дилма Русеф ќе заврши некаде на средината на Олимпијадата, што ќе се одржи во Рио де Жанеиро во август, согласно одредбите кои ги усвои сенатската комисија задолжена за импичментот, пренесе БТА.
Олимписките Игри во Бразил завршуваат на 21 август.
Истомислениците на вршителот на должноста претседател Мишел Темер, во Сенатот бараа забрзување на процедурата, но претседавачот со комисијата Рајмундо Лира реши да се придржува кон првично зацртаните одредби, според кои 16 август претставува краен рок за завршување на процесот.
Решението е неуспех за новата администрација која сака Темер што побрзо да биде утврден на функцијата претседател, за и официјално да ја добие власта заради отпочнување на, како што велат, мерките за построга економска политика, неопходна во однос на фискалниот дефицит на Бразил и растот на економијата.
Русеф беше привремено отстранета од должност на 12 мај откако Сенатот го изгласа почетокот на процесот против неа, во врска со буџетното законодавство. Нејзината функција ја зазеде потпретседателот Темер, кој по се изгледа и дека ќе го доврши мандатот, што истекува во 2018 г., во случај ако таа биде прогласена за виновна.
Утре комисијата ќе го започне сослушувањето на сведоците и вештите лица, а на 28 јули ќе поднесе извештај пред Сенатот.
На 2 август комората ќе гласа по извештајот, а наредните 14 дена се период предвиден за завршните излагања на двете страни, пред да се изгласа конечната пресуда околу тоа дали Русеф за виновна или не.
Ново на Сител
-

Возач на Бит Пазар нападнал 14-годишно момче, па ја одвел неговата 16-годишна сестра во непознат правец
-

Охриѓанец со остар предемет нападнал сограѓанин и тешко го повредил
-

Кривична за 16-годишник од Скопје, поседувал пиштол у муниција и ги носел со себе
-

Издадени приближно 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември
-

Во угостителски објект во Свети Николе затекнати 26 малолетници после 24:00 часот, од нив 14 под дејство на алкохол
-

Германски научници открија антитело против ХИВ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче направи хаос па сега изигрува жртва
-

Истрагата за пожарот во Хонг Конг откри небезбедна мрежа на градилиште, уапсени 11 лица
