Уште две жртви во невремето во Белгија
Невремето што ја погоди Белгија во текот на вчерашниот ден однесе уште два животи, јавија денеска белгиските медиуми.
По поројните дождови што вчера попладне ја погодија јужната област Валонија, се пронајдени безживотните тела на еден возач и на повозрасна жена.
Возачот загинал кога неговиот автомобил бил однесен од надојдените води и удрил во сообраќаен знак. Жената пак била затечена од бурата, при прошетка со свои пријатели, со кои се сокрила под еден мост. 3а несреќа, водата во реката надошла и ги однела сите, но за разалика од жената, нејзините пријатели се спасиле.
Неофицијално бурата може да е и причина за излетувањето на воз од шините во неделата вечерта, при што загинаа три лица, а деветмина беа сериозно повредени.
Последниве денови Белгија е зафатена од силно невреме проследено со грмотевици. Минатата седмица во поплавите загина еден возрасен маж и тој беше првата жртва од ова невреме.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети