Коѕиас: Чамите не ги протеравме, сами избегаа

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, гостувајќи во емисијата „Пет прашања за Бабарамо“ на тиранската телевизија Репорт, изјави дека Чамите не биле протерани од Грција, туку дека си заминале самите.
- Бегството на Албанците од Чамарија дојде по пресудите од страна на грчките судови кои ги осудија поради нивната соработка со германскиот окупатор, изјави Коѕиас.
Ваквата изјава на грчкиот прв дипломат дел од медиумите ја оценија како провокација, јави дописникот на МИА од Тирана.
Чамите се Албанци од истгоимената грчка област кои биле насилно протерани. Дел од нив и поголем број нивни потомци вчера Коѕиас го пречекаа со протести, поради што тој мораше во зградата на МНР во Тирана да влезе од помошноот влез. Тие му порачаа дека постојат и оти си ги бараат имотите кои ги имаат во Грција.
Во врска пак со воениот закон, Коѕиас изјави дека истиот во сила бил во времето кога албанската влада соработувала со Мусолини.
- Грција има потпишано два многу значајни договора за партнерство и добрососедство со Албанија, рече Коѕиас и додаде дека неговата земја ја поддржува реформата во праводуството во Тирана, како и аспирациите на Албанија за европска интеграција.
Ново на Сител
-

Брент над 116 долари: Скок на цената на нафтата по напади во Блискиот Исток
-

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива
-

20 март – Меѓународен ден на среќата: Побарај ја среќата со Државна лотарија!
-

На Попова Шапка четири степени под нулата и 60 сантиметри снег
-

Финска девет години последователно најсреќна држава во светот
-

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избегал
-

Нови сведоци за пожарот во „Пулс“ денеска во судницата во Идризово
-

Војните во Иран и Украина и цените на енергенсите на агендата на дводневниот Самит на ЕУ
