Во Охрид отворена 9-тата Меѓународна конференција за платни системи
Претставници од Европската централна банка, централните банки на Албанија, Белорусија, Бугарија, Грузија, Ерменија, Косово, Молдавија, Мароко, Полска, Романија, Словачка, Хрватска, Црна Гора, Чешка, како и претставници од деловни банки, регулатори на инфраструктурата на финансиските пазари и останати финансиски и нефинансиски институции во Република Македонија учествуваат во работата на Деветтата конференција за платните системи и системите за порамнување хартии од вредност што денеска беше отворена во Охрид.
На собирот што го организира Народната банка на Република Македонија во соработка со централните банки на Холандија и на Португалија наредните три дена ќе бидат дискутирани теми насочени кон зајакнување на капацитетите на учесниците, наоѓање соодветен одговор на најновите предизвици во сферата на плаќањата кои што произлегуваат од технолошкиот развој, иновациите и промените во регулативната рамка, како на национални, европско, така и на светско ниво.
- Најбитно за Република Македонија е процесот на усогласувањето на националното законодавство со она на ЕУ. Во нов закон за платежни услуги транспонираме три директиви, со очекување дека новата правна рамка ќе ја поттикне конкуренцијата, ќе дозволи влез на небанкарскитe институции на пазарот, зајакнување на правата на корисниците на платежните услуги за добивање квалитетни и навремени информации, пониски цени на платежните услуги за корисниците на плаќање, како основа за вклучување на Македонија во Единствената европска платежна област, рече Маја Кадиевска-Војновиќ вице-гувернер на НБМ.
Таа додаде дека иако во Македонија нема законски акт за заштита на електронското плаќање, самите банки имаат строги процедури и начини на регулација на таков вид плаќање.
Статистичките податоци со кои располага Народната банка покажуваат дека електронското плаќање во земјата е во нагорен тренд и бележи двоцифрени стапки на раст, со истовремено зголемување и на плаќањето преку мобилен телефон.
Конференцијата ќе опфати теми преку кои предавачите ќе се осврнат и на тековниот развој на правната рамка за регулирање на плаќањата на европско ниво, со посебен акцент на новата ревидирана директива за платежни услуги, стратегиската визија 2020 на Евросистемот, најновите иновации во рамките на Единствената европска платежна област, софистицираните решенија за плаќања во ерата на електронската трговија и дигиталните комуникации. На собирот ќе се разгледаат и прашањата за развојот на безбедноста на плаќањата, усогласеноста со регулативата, финансиската вклученост, каналите за дистрибуција на готовина и плаќањата на трезорскиот систем.
Покрај тековното и постојано следење на регулативата во односната област, како и во сферата на развојот на пазарот на платежни услуги, државите од ЕУ особено внимание посветуваат и на новите форми на измами во процесот на плаќање, со намера да се држи постојано чекор со се поиновативните методи на криминал за одбрана на финансискиот пазар од таквите негативни појави.
- Во услови кога на финансискиот пазар има се повеќе нови играчи, наша задача е да ги следиме сите појави на измами и да форсираме регулатива како усогласен заеднички одговор за сите предизвици, рече Руи Пиментел, претставник на Централната банка на Португалија.
За државите како Македонија е особено важно да ги следи сите релевантни европски трендови во областа на платежниот промет, како иновациите, новите технологии, новите играчи, измените во европските регулативи и сите форми на безготовинско плаќање.
- Постои постојана трка меѓу добрите и лошите момци во оваа сфера. Тука сме за да им помогнеме на нашите партнери од централните банки да бидат подготвени да ги заштитат своите клиенти, да им посочиме конкретни инструкции како да ги спречат обидите на криминални активности, рече Мајкл ван Дуверен од Централната банка на Холандија.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток