Девојка загина, тројца тешко повредени во сообраќајка на патот Тетово-Требош

Едно лице го загуби животот, а уште три се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа околу 23 часот на локалниот пат Тетово-Требош, во близина на натпатникот за ова село.
Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски информира дека патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ управувано од Р.С.(33) од Требош, од засега неутврдени причини загубило контрола, излетало од патот, се превртело и удрило во блиските дрвја.
– Од превртувањето и удирањето, возачот и тројцата сопатници во возилото, петнаесетгодишно момче и две жени Е.А.(20) и Е.А.(23) здобиле тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничка болница-Тетово, како итни случаи веднаш биле пренесени на скопските клиники. Околу еден часот по полноќ, дваесетгодишната сопатничка Едона А. како последица на здобиените повреди починала, а и другите тројца се во сериозна здравствена состојба, рече Јосифоски.
По овластување на јавниот обвинител, увид на местото од сообраќајката извршила екипа на СВР Тетово. Притоа возилото било подигнато и пренесено во кругот на тетовската полиција за понатамошно крим-техничко вештачење и се работи на откривање на причините и се друго поврзано со несреќата.
Вкупната материјална штета се проценува на околу сто и педесет илјади денари.
Ново на Сител
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
-

Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
-

Мост „Генерал Михајло Апостолски“ - се ослободува трасата за конечно ставање во функција, напиша Ѓорѓиевски
