-->
-->
Али починал од септичен шок
-->
Причината за смртта на легендарниот боксерски шампион Мохамед Али, кој почина ноќта кон саботата во 75-та година од животот, бил септичен шок предизвикан „неутврдени природни причини“, соопшти портпаролот на семејството на спортистот Боб Ганел, без да наведе поединости.
Според Ганел, Мохамед Али, кој страдаше од Паркинсонова болест која му беше дијагностицирана по завршувањето на кариерата во 1984 година, починал во петокот во 21.10 часот по локално време (3,10 часот во саботата по македонско време). Тој пред неколку дена бил хоспитализиран во болница во Феникс, во сојузната држава Аризона, поради проблеми со белите дробови. Портпаролот додаде дека последните часови од животот славниот боксер ги минал опкружен од семејството.
Погребот на Мохамед Али ќе биде извршен следниот петок, на 10-ти јули, во неговиот роден град Луисвил во Кентаки. Церемонијата ќе биде слободна, и на неа ќе може да присуствува секој, додал Ганел,
Настанот ќе биде емитуван директно преку интернет, а прошталниот говор се очекува да го одржи поранешниот американски претседател Бил Клинтон, истакнува Associated Press.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата